Новиот клинички центар ќе се изгради за три години

Bez autora
Aug 06 2013

На 61.500 метри квадратни ќе се протега новиот клинички центар во Скопје, каде нема да влезат Детска клиника, Стоматологија и Клиника за инфективни болести, информираше во вторникот министерот за здравство Никола Тодоров. Изградбата на новиот објект се очекува да започне на почетокот на наредната година, односно веднаш по добивањето на потребните дозволи и завршување на претквалификациите за фирми за градба, а треба да заврши за три години. Новиот клинички блок ќе биде оформен од два објекта, главен објект и лаборатории, а ќе чини 70 милиони евра, парите обезбедени од Банката на Советот на Европа. Главниот објект ќе се граи на местото на старата Гинекологија. Вкупната површина на новиот клинички блок ќе изнесува 61.500 метри квадратни, а во новиот блок нема да влезат Детска клиника, Стоматологија и Клиника за инфективни болести.

Новиот клинички центар ќе се изгради за три годиниНа 61.500 метри квадратни ќе се протега новиот клинички центар во Скопје, каде нема да влезат Детска клиника, Стоматологија и Клиника за инфективни болести, информираше во вторникот министерот за здравство Никола Тодоров.

Изградбата на новиот објект се очекува да започне на почетокот на наредната година, односно веднаш по добивањето на потребните дозволи и завршување на претквалификациите за фирми за градба, а треба да заврши за три години.

Новиот клинички блок ќе биде оформен од два објекта, главен објект и лаборатории, а ќе чини 70 милиони евра, парите обезбедени од Банката на Советот на Европа. Главниот објект ќе се граи на местото на старата Гинекологија.

Вкупната површина на новиот клинички блок ќе изнесува 61.500 метри квадратни, а во новиот блок нема да влезат Детска клиника, Стоматологија и Клиника за инфективни болести.

„Новиот клинички комплекс ќе има околу 30-тина болнички лифтови, два ескалатори во приемниот дел и над 10 сервисни лифтови, кои ќе служат за пренос на храна, облека и друго. Значајна новина е што во новиот комплекс ќе се оневозможи движењето на возила внатре во рамките на комплексот, што ќе се постигне со изградба на две катни гаражи. Едната на булевар „Мајка Тереза" и другата наспроти Клиниката за инфективни болести од каде посетителите и персоналот ќе можат да продолжат кон планираната дестинација исклучиво пешки, но сепак преку покриени пешачки патеки", вели министерот за здравство, Никола Тодоров.

Двете катни гаражи ќе можат да соберат по 1.250 возила, а во комплексот ќе можат да влегуваат исклучиво возила за брза помош, потивпожарни возила и оние приватни или такси возила кои превезуваат животно загрозени пациенти кон ургентниот центар и транспортирани пациенти кон клиниките. Останатите возила, како оние за снабдување, одвоз на отпад и слично ќе можат да влегуваат во комплексот по исклучиво утврден протокол.

„Покрај изградбата на новиот клинички блок, планирано е и реновирање на објектот на хируршките клиники со адаптирање на хоспиталниот дел со болнички соби, хоспиталниот оддел на клиниките на трауматологија, ортопедија и неврохирургија во новиот објект и целата Клиника за детска хирургија во објектот на детската клиника. Во овој контекст, предвидената адаптација на објектот за хируршки клиники се однесува на консолидирање на просторот заради подобра функција и поврзување на објектот со новиот клинички блок и непречен проток на функциите", појасни Тодоров.

Планирано и оформување на Детски центар односно интегрирање на сите клиники во служба на децата на едно место, што ќе значи преместување на Клиниката за детска хирургија од објектот на хируршките клиники во Клиниката за педијатрија.

Со ставањето во употреба на овој клинички блок, се очекува подобрување на квалитетот и сигурноста на здравствената заштита како и намалување на трошоците, а за тоа највеќе ќе придонесе енергетската ефикасност на целиот објект.

Идејното решение за изградбата на новиот Клинички центар во Скопје го изработи проектантската куќа „Арен срл" од Италија, по што следи фазата за изработка на основниот проект, кој треба да биде завршен за 160 дена, односно до крајот на годинава, за сума од 1.300.000 евра. Изградбата на новиот Клинички центар кој ќе почне да се гради на почетокот на наредната година се очекува да биде готов за три години.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik